ВИДЕО | Заборавена снимка од распеаниот Путин: Холивудските ѕвезди на нозе му аплаудираат

2 mins read

Пред 12 години, во декември 2010  година, сега актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин, тогаш беше премиер, а во склад со тоа тогаш можеби имал и повеќе време да се посвети на некои позабавни активности.

И додека последните денови цел свет го вперува прстот кон него поради кризата во Украина и неговата одлука да ја признае независноста на сепаратистичкиот регион Донбас, можеби е вистинско време да потсетиме на еден многу „распеаниот“ Путин.

Иако е навикнат да биде во центарот на сцената кога држи говори, Путин овој пат свирел на клавир и запеал како дел од хуманитарната вечер за собирање пари за деца.

Веројатно последната работа којашто некој би ја очекувал од него е да запее американска песна, но, токму тоа се случило кога тој прво отсвирил неколку тонови од старата американска блуз песна „Blueberry Hill“, а потоа станал и го земал микрофонот за во придружба на бендот да ја испее токму оваа песна на англиски јазик.

Американската песна „Blueberry Hill“ за првпат била испеана во 1941 година од Џин Отри, кој беше познат како „каубоецот што пее“. Подоцна оваа песна ја испеаја и Фетс Домино, Елвис Присли и многу други.

Во публиката може да се видат Моника Белучи и тогашниот сопруг Винсент Касел, Жерар Депардје, брачно-актерската двојка Голди Хоун и Курт Расел, Шерон Стоун, Кевин Костнер

Путин догаш добил силни овации за својот перформанс.

Владимир Путин бил „чудо од бебе“: Од борба со стаорците во сопствениот дом, станува врвен џудист

Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Според календарот на МПЦ утре се слават овие светители

Следно

ВИДЕО: „Златната резерва“ Еланга го спаси Јунајтед, одлуката паѓа на „Олд Трафорд“

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian