ВИДЕО: Шампионска драма во Премиер лигата, Ливерпул го декласираше Лидс

1 min read

Денеска се одиграа три заостанати натпревари во Премиер лигата, Ливерпул ја продолжува победничката серија и опасно му се доближи на Манчестер сити во трката за титулата.

На стадионот „Енфилд“ играчите на Јирген Клоп ја оправдаа фаворитската улога против Лидс славејќи со високи 6:0, по три гола во двете полувремиња.

По двапати во листата на стрелците се запишаа Салах и Мане, а по еден погодок имаа Матип и ван Дајк.

На табелата Манчестер сити е водечки со 63 бодови од 26 натпревари, а исто толку меча второпласиран е Ливерпул со 60 бодови, додека на третата позиција е Челси со 50 бодови од 25 натпревари.

Во другите две средби Барнли непријатно го изненади Тотенхем (1:0), додека Кристал палас триумфираше на гостувањето кај Ватфорд (1:4).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Златната резерва“ Еланга го спаси Јунајтед, одлуката паѓа на „Олд Трафорд“

Следно

Денес се празнува: Светиот маченик Георгиј Кратовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian