ВИДЕО | Протест во охридско поради „Лев Тахор“: „Им кажавме да не слегуваат во селото“

1 min read

Протест против групата Лев Тахор се одржа во охридското село Ласкочереј и Епрем, а жителите  бараат нивно заминување од хотелот.

Сопственикот на хотелот во кој е сместена групацијата Лев Тахор вели дека таму се привремено и дека ќе си заминат, но жителите не се согласуваат со него и инсистираат групата да си замине, веднаш.

Оваа група е ожигосана и опечатена, бараме да се дислоцираат од тука, не ги чепкаме, не ги вреѓаме. Им кажавме да не слегуваат во селово, велат тие.

Жителите на селото Ласкочереј и Епрем се поделени во две групи, оние кои ги прифаќаат, но и оние кои не ги сакаат „Лев Тахорите“ во селото. Оние кои ги пречекале велат дека не се чувствуваат загрозени, дека се дружељубиви и досега не забележале ништо сомнително.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вардар му врати мило за драго на ППД Загреб во ЛШ

Следно

Според календарот на МПЦ утре се слават овие светители

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian