ВИДЕО | „Му посакувам сè најдобро“: Анастасија Ражнатовиќ за првпат проговори за разделбата со момчето

1 min read

Српската пејачка Aнастасија Ражнатовиќ вчеравечер гостуваше во забавната емисија „Амиџи шоу“, каде за првпат зборуваше за разделбата со нејзиното момче Ѓорѓе Кулиќ, со кого беше во петгодишна врска.

Анастасија и Ѓорѓе до неодамна живееја заедно во луксузен стан-дуплекс во Белград, стан кој, според написите во српските медиуми, има вредност од приближно 750 000 евра.

„Никој не знае што носи денот и ноќта. Медиумите, но и луѓето генерално очекуваат кога некој е долго во врска и ќе се раздели дека постои некоја бомбастична причина за тоа, но кај нас немаше нешто такво. Ние едноставно седнавме, разговаравме и дојдовме до заклучок дека треба да се разделиме.

Како што кажав во соопштението до јавноста, јас му посакувам сè најдобро во животот. Сигурна сум дека и двајцата нè чека некоја друга среќа. Ние се разделивме пријателски и останавме во добри односи“, изјави Анастасија за време на гостувањето во емисијата.

Крај на љубовта: Анастасија Ражнатовиќ и Ѓорѓе Куљиќ се разделија по пет години

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почнува имплементацијата на „Смарт Аеродром“ – се дигитализираат општинските услуги

Следно

Балканско „класико“ во ЛШ: Вардар игра важен меч против ППД Загреб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian