Вардар му врати мило за драго на ППД Загреб во ЛШ

4 mins read

Ракометарите на Вардар го совладаа ППД Загреб со 21:19 и му се реваншираа за минималниот пораз пред три месеци и ја остварија и втората победа во вториот меч под водство на Давид Дејвис.

„Црвено-црните“ иако не блескаа, видливо е дека се уште се привикнуваат на системот на новиот тренер Дави Дејвис, но сепак прикажаа игра доволна за да победат и да го поминат ППД Загреб на табелата во групата А и да дојдат на позиција која носи во нокаут фазата.

Вардарци не го започнаа натпреварот според очекувањата на навивачите и публиката во салата во СЦ „Јане Сандански“, првите три напади не ги реализира, но грешеа и гостите кои дадоа само еден гол па Оливие Њокас во четвртата минута го постигна првиот гол за „црвено-црните“ за 1:1.

Во наредниот период вардарци беа тие кои ја бркаа предноста и така беше се до 13 минута кога прво со головите на Моралес и на Тото за прв пат поведоа (5:4). ППД Загреб ја врати предноста (5:6), но Вардар возрати со мини серија од 2:0 и поведе со 7:6.

По серија промашувања на двете страни и по пауза од пет минути, Гоце Георгиевски погоди и за прв пат му носи на Вардар предност од два гола.

Во тие моменти иако не играа добро во нападот, „црвено-црните“ беа одлични во одбраната и го оставија противникот цели 11 минути без постигнат гол. За тоа Време Вардар направи серија од 4:0 и поведе со 9:6.

Кавчиќ во 26. минута го прекина постот на ППД Загреб, но Вардар експресно возврати преку Валчак кој постигна три гола по ред и на одмор „црвено-црните“ заминаа со два гола предност.

Најпрецизни го првиот дел беа Оливие Њокас и Патрик Валчак со по три постигнати гола, додека по два дадоа Морален и Георгиевски.

Второто полувреме започна идентично како и првото, Вардар не го реализира првиот напад, но Загреб беше прецизен во двата напади и во 32 минута го израмни резултатот на 11:11.
Исто како и во првиот дел, Оливие Њокас прв дава гол за Вардар, а потоа Куни Моралес ја враќа предноста од два гола (13:11). Гостите со два гола дојдоа до израмнување (13:13), а предноста од играч повеќе ја искористи Талески за 14:13.

На спротивната страна возврати Чавар, а по двете промашувања на најновото засилување на Вардар, Стефан Додиќ, Чавар му носи пренодност на ППД Загреб од 14:15 по што следеше период во кој се играше гол за гол. Чувара во 54 минута погоди од контранапад за 17:17, а во следниот напад Кевин Њокас го враќа Вардар во предност (18:17). Добрата игра во одбраната им донесе уште еден гол на вардарци преку Дарко Ѓукиќ за водство од 19:17 на пет минути до крајот.

Одбраната повторно беше на висина на задачата, а Флип Талески со гол од девет метри носи предност од 20:17. Обрановиќ во 58 минута намали на 20:18,  во последната минута Леиметер погоди за 20:19, а на 20-тина секунди вардарци направија грешка во нападот и му овозможија на ППД Загреб да го има последниот напад. Но шутот на Вистороп заврши во блокот, што значеше триумф за Вардар од 20:19.

Оливие Њокас и Филип Талески со по четири гола беа најпрецизни кај Вардар, Куни Моралес и Патрик Валчак дадоа по три, додека кај ППД Загреб Леиметер даде четири гола.

Вардар во наредното коло кое ќе се игра следната среда му гостува на Брест Мешков кој е поседнопласиран на табелата во групата А со четири бода.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Руска манекенка во шок по пластична операција: Не можам да се смеам ниту да отворам очи!

Следно

ВИДЕО | Протест во охридско поради „Лев Тахор“: „Им кажавме да не слегуваат во селото“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian