Уставен суд: Нема да се оспорат парите за бензин и за патарини за пратениците

1 min read

Нема доволно уставни судии кои би обезбедиле мнозинство да се прифати одлуката на Левица за оспорување на Одлуката на Собранието според која пратениците добиваат надоместоци за превоз и за патарини, се вели во соопштението од Уставниот суд.

Подносители на ова барање биле политичката партија “Левица“ од Скопје, како и нејзините двајца пратеници, Димитар Апасиев од Скопје, и Борислав Крмов од Штип.

„Судот не донесе одлука од причини што предлогот не доби потребно мнозинство гласови. Во иницијативата беа оспорени Точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина“, додаваат оттаму.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ѓоковиќ четвртфиналист на турнирот во Дубаи

Следно

Од сабота дожд и снег- ова е најновата прогноза на УХМР

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian