Три рецепти за евтин ручек за крај на месецот

2 mins read

Крај на месецот е и останавте без пари? Затоа, ви предлагаме три фантастични и евтини ручеци за помалку од 300 денари. Пробајте мелено месо со пченка, карфиол со пилешко и тиквички со леб. За секој од овие оброци не ви треба богатство, а ќе имате одличен ручек за целото семејство.

Мелено месо со пченка
Состојки:

– 400 гр мелено месо
– 2 главици кромид
– 1/2 праз
– 2 моркови
– 1 шолја слатка пченка
– 2 лажици сос од соја
– 1 лажица јаболков оцет

Подготовка:

Кромидот и празот исечкајте ги на коцки и пропржете ги во масло. Потоа додадете го меленото месо и продолжете со пржењето. Сипете ги пченката и морковите, па налејте со вода. Зачинете со сос од соја, јаболков оцет и зачини по желба, па покријте и динстајте околу 20 минути. Пред сервирање, пробајте дали е доволно зачинето. Послужете со варен ориз.

Фото: Профимедиа

Печен карфиол со пилешко
Состојки:

– 300 гр бело месо
– 1/2 карфиол
– 2 јајца
– 200 мл јогурт

Подготовка:

Месото исечете го на коцки, посолете го и пропржете го во тава. Карфиолот избланширајте го, па процедете го. Измешајте ги пилешкото и карфиолот, па прелијте ги со изматените јајца во кои сте ги додале јогуртот и водата. Печете на 230 степени околу 30 минути.

Фото: Профимедиа

Печени тиквички со леб
Состојки:

– 1 средна тиквичка
– 200 гр сув леб или погача
– 2 јајца
– 100 мл млеко
– 100 мл павлака за готвење
– 30 гр пармезан
– 1 чешне лук
– 1/2 лажичка ким
– 1 лажичка сушен босилек

Подготовка:

Исечете го лебот и ставете го во сад. Прелијте го со млекото и павлаката и добро измешајте, па оставете настрана да се натопи барем 15 минути.

Тиквичките исечкајте ги на многу тенки кругови, а во сад измешајте ги ситно сечканиот лук, јајцата, кимот, босилекот и пармезанот и зачинете со малку сол и бибер.

Измешајте ги лебот, тиквичките и смесата од јајца. Огноотпорниот сад малку подмачкајте го со масло и во него сипете ја смесата. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Фото: Профимедиа

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Италија: Полицијата запленила имот вреден 800 милиони евра

Следно

ВИДЕО: Ѓоковиќ четвртфиналист на турнирот во Дубаи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian