„Ти си ангел кој нѐ чува“: Елена Ристеска ѝ го честиташе роденденот на мајка ѝ со емотивна порака

1 min read

Вчерашниот ден беше многу важен за семејството на Елена Ристеска. Имено, мајка ѝ Деса го прослави својот роденден, а пејачката ѝ напиша емотивна честитка и сподели нивна заедничка фотографија.

„Вчера беше најубав ден, 22.02.2022 на мојата мајка роденден. Вчерашниот беше и ангелски број 22022022, затоа што си ангел кој нè чува. Да можев уште сто пати да се родам пак ќе одберев и посакав да ми бидеш мајка ти во сите животи, мами. Те сакам до бескрајот!“, напиша Ристеска на Инстаграм.

Како што вели и самата Елена, семејството ѝ е многу важно. Таа е многу блиска со мајка ѝ и со сестра ѝ, а низ годините честопати зборуваше и за тоа колкава празнина чувствува по смртта на татко ѝ.

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ | Елена Ристеска: По 20 години кариера природно е да се жнее она што било посеано и вродило со плод

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од сабота дожд и снег- ова е најновата прогноза на УХМР

Следно

Контроверзниот Џиџи Бекали не дозволува да играат вакцинирани фудбалери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian