Спа искуство со пет ѕвездички: Уникатниот ШИВА СПА во лускузниот Лимак хотел

2 mins read

Во срцето на Скопје, луксузниот хотел Лимак со 5 ѕвездички му дава ориентален шмек на градот. Спојот на истокот и западот е пресликан во сите услуги, во ненаметливата елеганција на просторот и љубезноста на професионалниот персонал, ја отвора портата за повторно да му се вратите.

Особен впечаток остава уникатниот ШИВА СПА, кој нуди незаборавна релаксација, извонредна терапевтска масажа со терапевтки од Бали, кои се разликуваат од сите понуди во македонските спа центри. Најголемиот Турски амам во Македонија се наоѓа токму во овој хотел, во центарот на Скопје, каде преку традиционален начин на капење и масажа, срцата ќе ви бидат освоени. Релаксација со пријатна температура на белиот Кемал паша мермер карактеристичен за турските бањи и бел мермер од Мармарис, само го зголемуваат како  визуелното  така и телесното уживање.

Масажите со мирис на ориентални масла од арган, антистрес и цветен допир со вештите раце на насмеаните терапевтки од Бали, ќе предизвикаат телесно и духовно блаженство. Љубителите на финска сауна и парна бања исто така може да ја добијат оваа услуга во Лимак.

Спојот на тивката ориентална музика, љубезните понуди со кафе и чај и топлите разговори со спа рецепционерките ќе ве натераат да се почувствувате како дома, да ги откриете сите информации за хотелот, како и понудите за спа и фитнес центрите.

Повелете во Лимак за да ја почувствувате турската и македонската гостопримливост, срдечност и топлина што ќе ви ја згрее душата. Спа и фитнес центрите се отворени и за оние што не престојуваат во хотелот, а сакаат да издвојат квалитено време за себе. 

 

skopjeinfo.mk

Претходно

60-тина автобуси на ЈСП полицијата ги испрати на технички преглед

Следно

Пораст на цените на плинот на европските берзи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian