„Слободен печат“: Колку украинската криза ќе ја чини Македонија?

3 mins read

Во утрешното издание на весникот „Слободен печат“ можете да прочитате:

По неизбирањето на судиите од страна на Собранието – Нема држава ако нема Уставен суд, вели експретседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски и предлага Пендаровски, Ковачевски и Џафери да најдат решение или Кацарска да поднесе оставка.

Бремените да се имунизираат, ама не со вакцина базирана на жив вирус, е препораката на гинеколозите, откако Комисијата за заразни болести препорача да се вратат на работа. Ако бремена жена се зарази од ковид, ризиците за компликации се засилени зашто е поподложна на инфекции. Со ковид има докажано зголемен ризик од предвремено пораѓање и губење на бременоста, вели д-р Ненад Лазаров

Има ли ксенофобија во случајот „Лев Тахор“ – Протести наместо соживот со различните. Покажуваме сериозен недостаток на толеранција и прифаќање на различностите. Таа се надминува само ако се обидеме да научиме како да живееме едни со други. Некогашното негодување во Тимјаник сега е преточено во соживот. Потребна е едукација, велат социолози.

Сексизам или интерна порака? Коментар за гол стомак на ученички ги загреа страстите во Тетово. Во пораката не зборував само за девојчиња, туку и за момчиња. Отсекогаш внимавам на начинот на кој се облекувам и секогаш им објаснувам на учениците дека мора да направат разлика каква облека ќе носат во училиште и надвор од него, вели професорката Зибери Јашари што е обвинета за сексизам. Не треба да се сексуализира телото на девојка од 15 години, вели Рита Бехадини од „Бубамара“

Како ќе се одрази руско-украинскиот конфликт врз Македонија: Осудата еднодушна, стравот од импликации повеќекратен. Можни се најмалку три вида последици: геополитички и геостратешки, политички, односно на мултилатерален и билатерален план, и економски – поради санкциите на ЕУ кон Русија, смета Нано Ружин, професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО.

Економија  – Што може да се очекува по 1 март: Ограничените маржи ќе нè спасат од профитерство, но не и од растот на цените. Кога ќе се одмрзнат, мора да има нивна корекција, затоа што сите влезни трошоци се зголемени, објаснуват производителите.

Свет Засилување на одбраната по руското признавање на Доњецк и Луханск: Мобилизација на резервисти и вонредна состојба во Украина.

Скопје – Кривични пријави за злоупотреба на службена должност – Град Скопје обвини поранешни раководители за договор за веб-страница вреден 75.000 евра. Претходното раководство на Градот наводно платило за изработка на официјален веб-портал на Град Скопје, кој никогаш не профункционирал во целост.

Кошарка, квалификации за СП 2023 – Македонија на тежок испит во Тбилиси. Со повеќемина отсутни и без селектор црвено-жолтите ќе настапат на гости кај Грузија. Вториот меч помеѓу овие две селекции е в недела, во Скопје

Бунтовноста, „мрсниот рап и слободниот стил“ се начин на живот! Разговор со Максимус Вандал, македонски рап-артист.

 

Не пропуштајте ја и ревоната рубрика посветена на нашите редовни колумнисти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одигра само четири натпревари сезонава, а денеска доби нов договор

Следно

Mинистерката за култура бега од средба со Арсовска!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian