Се роди девојче на 22 февруари, 2022 година, во два часот и две минути попладне

1 min read

Двојка од САД засекогаш ќе го памети вчерашниот ден бидејќи на свет дојде нивната ќерка Руби. И не само тоа – освен што е родена на 22 февруари во 2022 година, малата Руби се родила во два часот и две минути попладне.

Дека животот на Руби де факто е одбележан со број 2, говори и тоа што на тој ден таа било второто бебе родено во болницата и е второ е дете на нејзините родители.

Американските медиуми пренесуваат дека и мајката и бебето добро закрепнуваат, а болницата на нивниот официјален фејсбук-профил веднаш се пофали со веста за малата Руби.

Вчерашниот датум беше редок палиндром со осум цифри, односно број што се чита исто и од лево и од десно. Бидејќи бројот 2 ја симболизира хармонијата во нумерологијата, важно е да се прифатат двојните енергии.

Дневен хороскоп за 12 февруари: Изборете се за вашата позиција

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Емир Кустурица на чело на Централниот воен театар на руската армија

Следно

Георгиевски освои сребро на Г2 Президент Светскиот куп во Драч

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian