Протест пред судот во Битола за ослободување од притвор на битолчанецот кој го уби зетот

3 mins read

Откако вчера битолчанецот Тони Ѓорѓевски Фердо доби 30 дневен притвор за убиството на својот зет, неговиот син денеска организира мирен протест пред Основниот суд во Битола за укинување на мерката притвор и можност да се брани од слобода. Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишниот Фердо од Битола под основано сомнение дека сторил кривично дело убиство.

„Драги пријатели, добро намерници и сите што ја знаете вистината за мојот ТАТКО кој што си ја бранеше својата фамилија од 20 годишните маки. Ве повикувам на ден 23.02.2022 г. во 12:00ч. заедно со мене и мојата фамилија на мирен протест пред Основниот суд во Битола поради одлуката на судот за притвор на мојот ТАТКО и истиот да биде пуштен дома за да се брани од слобода за дело кое што го направи во самоодбрана и нужна одбрана и спаси пет други животи, заедно со неговиот шест. Протестот е уредно пријавен во Полиција. Ве молам споделете и Ви благодарам за поддршката на сите!“, напиша Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо.

Според коментарите на социјалните мрежи, битолчанецот кој смртно го погоди зетот за ќерка, има поддршка од своите сограѓани кои го опишуваат како добар човек и пријател кој си го бранел сопственото дете од насилниот сопруг.

Обвинителството соопшти детали за кривичното дело убиство со умисла кое битолчанецот Фердо го изврши во понеделникот.

-Осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал” што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Притвор побара надлежен јавен обвинител оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците.​​

Убиството кое ја потресе Битола се случи една недела по ослободителната пресуда за велешанката Павлинка Илоска, која минатата година со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски (40) од Велес. Таа беше обвинета за кривично дело убиство во миг.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Зверев ги загуби нервите, исфрлен од турнирот во Акапулко!

Следно

Тетовска гимназија им забрани на ученичките да доаѓаат со гол стомак и градите надвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian