Признавањето на сепаратистичките територии на Украина може да предизвика последици по Македонија

1 min read

Нано Ружин универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО за „Слободен печат“ вели дека признавањето на сепаратистичките територии на Украина од страна на Руската федерација може да предизвика последици по државата.

– Едните се геополитички и геостратешки, бидејки С.Македонија е членка на НАТО и покрај фактот што Алијансата истакна дека нема воено да интервенира во Украина. Сепак, како дел од оваа мултилатерална институција ќе биде во зголемена приправност, што е разбирливо во такви услови. Второ на политички план, во сите мултилатерални организации како ООН, ОБСЕ, ЕУ (во улога на аспирант) но и на билатерален план С.Македонија ќе се солидаризира со мнозинството држави кои не го оправдуваат признавањето на двете сепратистички територии, што ќе значи вложување и на билатералните односи со Русија и нејзините сојузници. Трето, С.Македонија ќе мора согласно евро-атланската позиција да се придружи во државите кои ќе и наметнат санкции на Русија. Дел од овие санкции нема најповолно да се одразат на домашното стопаство и трговија, но со истиот негативен feed back ќе се соочат и другите сојузници. На регионален план, сметам дека е чуствителна позицијата на Србија и Република Српска, кои се блиски со Москва и можеби нема да ги прифатат позициите на европските и американските сојузници, изјави Ружин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Димитријевиќ: Среќен сум што ме сметаат за лидер на оваа генерација

Следно

Почнува имплементацијата на „Смарт Аеродром“ – се дигитализираат општинските услуги

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian