Почина Марк Ленеган, легендата на гранџ музиката

1 min read

Вчера на 57-годишна возраст почина легендата на гранџ музиката, Марк Ленеган.

Музичарот починал во својот дом во Ирска, но други детали за смртта сѐ уште не се познати. Неговото семејство ја замоли јавноста да им ја почитува приватноста во овие тешки моменти.

„Нашиот сакан пријател Марк Ленеган почина утрово во неговиот дом во Киларни, Ирска. Саканиот пејач, текстописец, автор и музичар имаше 57 години и зад него ја остави неговата сопруга Шели“, соопштија вчера на неговата официјална страница на Фејсбук.

Ленеган беше член на повеќе музички групи – Screaming Trees, Queens of the Stone Age и The Gutter Twins, но беше успешен и како соло-изведувач.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Светот мора да се подготви за повеќе екстремни шумски пожари

Следно

ВИДЕО | Д-р Митов: Иако треба да е дел од нашето нормално функционирање, стресот поприма форми на кои не сме навикнати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian