Одигра само четири натпревари сезонава, а денеска доби нов договор

1 min read

Навивачите на Лестер се изненадени од денешната официјална одлука да се продолжи договорот со 24-годишниот Џејмс Џастин.

Овој фудбалер имаше важечки договор со „лисиците“ до 2024 година, а сега стави нов потпис и договор кој ќе трае до 2026 година.

Ова е изненадувачки од фактот што оваа сезона Џејмс одигра само четири натпревари во сите натпреварувања.

Се шпекулираше дека може да биде испратен на позајмица, а со оглед дека неговата вредност е 17 милиони евра, фановите на овој клуб можеби очекуваа од добра заработка од трансфер, но остана во соблекувалната на поранешниот англиски шампион.

Стана член на Лестер во летото 2019 година од редовите на Лутон како голем талент, а има и осум настапи за младата У21 репрезентација на Англија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска: Петрула Велјановска, програмски селектор на „Македокс“

Следно

„Слободен печат“: Колку украинската криза ќе ја чини Македонија?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian