Омилената културна институција на многу скопјани веќе седма година по ред е тивка, празна и разрушена.
Универзалната сала – синонимот за концерти, музика, емоции.. и симболот на убавото и солидарно пост-земјотресно Скппје, веќе подолго време е непрепознатлива од надвор, а ништо подобра не е сликата ниту од внатрешноста.
Додека скопјани, но и граѓаните на целата земја очекуваат Универзална да блесне во нов сјај со стариот шарм, власите се „препукуваат“ зошто се уште не е реконструирана оваа културна установа.
Откако претходниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ја најави реконструкцијата, со години овој проект се придвижуваше со ситни чекори.
Сега обвинувањата одат на сметка на новата градоначалничка Данела Арсовска која пак, посочи дека постојат сериозни технички проблеми и недостатоци во процесот на реконструкција на Универзална сала, за што е потребно да се направат измени во проектот.
Откако ќе се направи корекција, Универзана сала ќе се реконстуира, порача Арсовска.
Од СДСМ пак тврдат дека проектот е професионално сработен и одобрен од стручни лица и целосно е безбеден.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека будно ја следи ситуацијата, и смета дека доколку имаат надлежност како Министерство ќе интервенираат.
-Унвиерзалната сала како секој друг културен објект да не речам „музеј на културата“ мора да биде ставена во функција најрано што може, рече Костадиновска-Стојчевска.