Митева: Кризите во Македонија брзо доаѓаат, траат многу долго, но бавно се надминуваат- оваа влада не е способна да одговори на уште една криза

2 mins read

Македонија со оваа власт не е спремна да одговори на уште една криза покрај тие 4 кои веќе ги имаме, имајќи го предвид она што се случува и на економско поле и на надворешен план и ценам дека оваа влада нема капацитет да се справи со уште една криза, особено не од такви размери, изјави Марија Митева, член на ИК и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, за Анализа на 24 Телевизија, говорејќи во врска со можните последици од настаните во Украина и посочи дека мора како држава да ја следиме ситуацијата.

Митева истакна дека плаши фактот што кризите во Македонија брзо доаѓаат и траат многу долго и додека сите држави вее прават анализи, нашата влада се уште не презема никакви чекори.

– Она што мене ме плаши е дека во Македонија кризите брзо доаѓаат, траат многу долго, но бавно се надминуваат. Во една ваква консталација на настаните не можеме да очекуваме дека нас ќе не одмине, а гледаме дека останатите држави од регионот и светот веќе прават определени работни тела во кои членуваат определени владини претставници, на стопански комори, енергетски субјекти и прават анализи кои се очекувањата за 2 дена, 2 месеци или 1 година и врз основа на тоа ги прават своите економски проекции, посочи Митева.

Таа нагласи дека подобро е владата да се занимава како да ги неутрализира ефектите кои македонската економија ќе ги има.

Ако ние сме свесни дека Германија увезува гас од Русија, односно 40% нафта увезува, а 50% гас, а ако на Македонија топ држави со увозна и извозна соработка се Германија и Италија, би требало економскиот тим во државата да се запраша каков ефект ќе има тоа врз фирмите кои склучиле договор за набавка на 5 години, или суровините со железо и челик кои се очекува дека ќе растат, а се основен ресурс на индустријата како што се автомобилската и машинската, бидејќи имаме голем број на компании кои се занимаваат со тоа, изјави Митева.

kurir.mk

Претходно

Македонскиот јазик не се поставува како мезе на маса, тврди министерката за култура

Следно

Косовската полиција заплени камион со 83 килограми хероин на македонската граница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian