Mинистерката за култура бега од средба со Арсовска!

1 min read

Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска ја поканија министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска на средба на која ќе ѝ ги објаснат системските пропусти и неправилности на проектот за реконструкција на Универзалната сала. Исто така побараа од министерката лично да гарантира за безбедноста на објектот.

Инфомакс испратиле прашање до Министерството „дали министерката ќе ја прифати средбата за запознавање со неправилностите во проектот и дали министерката Стојчевска лично ќе ја гарантира безбедноста на Универзална сала, како што побараа од неа од Град Скопје?“.

Ги пренесуваме одговорите на Минситерството во целост:

“Почитувани,

повелете одговори на вашите прашања:

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска констатира, јавното обраќање на градоначалничката Данела Арсовска е партиско соопштение испратено на меморандум на Град Скопје.

Тоа не е формат на официјална покана за средба помеѓу градоначалничка и министерка.

Гаранции при реконструкција на кој било објект, па и на Универзалната сала издаваат надлежни институции.

Со почит,

Министерство за култура”

Дадените одговори насочуваат кон мислата дека средба во догледно време нема да има, ниту некој ќе гарантира за безбедноста на Универзална сала.

kurir.mk

Претходно

„Слободен печат“: Колку украинската криза ќе ја чини Македонија?

Следно

Италија: Полицијата запленила имот вреден 800 милиони евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian