Мицотакис: На Европа и е потребен заеднички одговор за растот на цените на енергијата

2 mins read

Потребата Европа да најде заеднички одговор за зголемувањето на цените на енергијата и да ги поддржи и потрошувачите и бизнисите, ја истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со премиерот на Романија Николае Чиука, а истиот став, според грчки владини извори го повторил и за време на состанокот на Европската народна партија.

Мицотакис истакна дека ова прашање ќе го покрене на Самитот на ЕУ за Украина и објасни дека Грција веќе ги преземела сите неопходни мерки за непречено снабдување на земјата со природен гас

-Многу е важно на европско ниво да има вонредни мерки за поддршка на европските потрошувачи и на европските компании, бидејќи сите земји денес на еден или на друг начин ги субвенционираат потрошувачите за справување со големите поскапувања на цените на енергијата. Потребен е европски одговор на проблемот со кој се соочуваат сите земји- членки. Секоја има свој начин да се справи со тоа, но за сите земји тоа е проблем кој е исклучително финансиски болен и јас имам намера да го покренам ова прашање на следниот Европски совет, рече Мицотакис по средбата со Чиука.

Додаде дека е потребно да се прошират изворите на енергија и во однос на производството и во однос на краткорочното и среднорочното снабдување со гас, намалувајќи ја зависност од Русија.

Од Букурешт, каде што е во еднодневна официјална посета, Мицотакис учествуваше на вонредниот состанок преку видеоконференција на Европската народна партија за ситуацијата во Украина, а според грчки владини извори истакнал дека „не можеме да го прифатиме историска ревизионизам со употреба на сила”.

Во пресрет на утрешниот специјален состанок на Европскиот совет за Украина, според истите извори, повторил дека Европа мора да најде заеднички одговор на поскапувањето на енергијата, а тоа, како што нагласил, се однесува и на оптоварувањето на домаќинствата и бизнисите, и на потребата Европа да не зависи од менувањето на цените на природниот гас и да бара алтернативни извори на енергија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пандов: Доколку сега постои нов било каков договор со Бугарија потребно е да се има гаранции дека македонската историја, јазик и народ е вековен

Следно

ФОТО | Најпосакуваниот ерген Милош Биковиќ ќе се жени: Избраничката е позната, датумот уште не!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian