Македонскиот јазик не се поставува како мезе на маса, тврди министерката за култура

1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска во вечерашното интервју за емисијата „24 анализа” изјави дека во дијалогот со Бугарија воопшто не се преговара за македонскиот јазик и идентитет.

– Како професор по јазик ми пречи дискурсот којшто се наметнува во јавноста дека некој некаде седи на маса и како мезе го поставува македонскиот јазик и идентитет. Морам да го освежам сеќавањето дека зборовите на Блаже Конески остануваат сеприсутни: „Се дури го имаме јазикот, ја имаме и државата”. Зборуваме за македонски јазик којшто е посебен, засебен, никој никаде не го разнебитува јазикот, ниту идентитетот. Не се преговара, ниту било побарано тоа од нас, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа, меѓу другото во интервјуто, истакна и дека сите плати на културните работници се исплатени и сите договорни услуги.

– Колективниот договор на културата завршува и треба да се потпише нов, но платите во културата се солидно покачени. Платите се едни од посолидните не само поради колективниот договор кој ги уредува нивните права, туку и институциите кои имаат право да работат во недела. Како министерка за култура очекувам соработка од сите чинители во културата, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи дека проектите кои биле приоритетни во минатото, ќе бидат и во нејзиниот мандат.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Најпосакуваниот ерген Милош Биковиќ ќе се жени: Избраничката е позната, датумот уште не!

Следно

Митева: Кризите во Македонија брзо доаѓаат, траат многу долго, но бавно се надминуваат- оваа влада не е способна да одговори на уште една криза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian