Косовската полиција заплени камион со 83 килограми хероин на македонската граница

1 min read

Косовската полиција и Царините на Косово открија денеска поголемо количество дрога хероин во камион на царински терминал во Генерал Јанковиќ, на границата со Северна Македонија.

Претставници на Обвинителството вечерва на прес-конференција во Урошевац информираа дека 83,5 килограми хероин биле откриени во 160 пакувања сокриени во камионот во 32 рефлектори. Дрогата била спакувана во Турција, а крајна дестинација била Приштина.

Во акцијата се уапсени седум косовски државјани од Пеќ и од Приштина, а запленети се и едно комбе и возило Ланд Ровер. Надлежен обвинител им одреди на уапсените 48-часовен притвор, а по уште две лица е распишана потерница.

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља им четстита на институциите за успешно изведената акција за спречување на шверцот со дрога.

– Кога меѓу различните институции постои волја за искрена соработка со цел да се обезбеди владеењето на законот и борба против организираниот криминал, резултатите се неминовни. Честитки на Царината, Полицијата и Обвинителството, напиша Свечља на неговиот Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Митева: Кризите во Македонија брзо доаѓаат, траат многу долго, но бавно се надминуваат- оваа влада не е способна да одговори на уште една криза

Следно

Бајден воведе санкции за „Северен тек 2“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian