Кортни Кокс проговори за колегата од „Friends“, Метју Пери: Се мачеше некое време…

2 mins read

Во интервју за „The Sunday Times“, Кортни Кокс зборуваше за нејзиниот поранешен колега од култната серија Friends“, Метју Пери.

„Се мачеше некое време. Мислам дека сега му оди одлично“, изјави Кокс.

Пери во минатото отворено зборуваше за проблемите со алкохолот и зависноста. Во 2016 година, актерот призна дека не се сеќава дека бил дел од некои сезони од серијата „Friends“.

„Не се сеќавам на три години од снимањето, од третата до шестата сезона“, изјави во тоа време Метју за „BBC“.

Откако минатата година, повторно се обедини актерскиот тим на „Friend“ Пери призна дека реакцијата на публиката на неговиот настап влијаела на неговото ментално здравје. „Се чувствував дека ќе умрам ако не се смеат“, рече тој.

„Тој си правеше голем притисок да ја забавува публиката“, одговори Кокс на прашањето за таа изјава на Пери.

Пери напиша мемоари

Пери на социјалните мрежи најави дека во ноември ќе објави мемоари за овие исклучително тешки времиња за него.

„Толку многу се пишуваше за мене во минатото“, рече тој. „Мислам дека е време да се слушне и мојот глас“.

Кортни истакна дека повторното обединување на екипата на „Friends“ била фантастична можност целиот тим повторно да се види и да се потсетат колку било забавно на снимањето на серијата која ја обележа кариерата на актерите, и дека ѝ е драго што серијата е сè уште актуелна и смешна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Белата куќа потврди: Средбата меѓу Бајден и Путин во моментов не е опција

Следно

ВИДЕО: Зверев ги загуби нервите, исфрлен од турнирот во Акапулко!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian