Контроверзниот Џиџи Бекали не дозволува да играат вакцинирани фудбалери

1 min read

Џиџи Бекали, сопственикот на романската фудбалска екипа ФЦСБ (или поранешна Стеауа), повторно го привлече вниманието со еден од своите потези.

Тој за медиумите во Романија изјави дека ќе им забрани на своите вакцинирани играчи да играат. Според него, причината е „што немаат сила“.

И додека во повеќето земји се води кампања за масовна вакцинација против ковид-19, Бекали очигледно утврди дека имунизацијата води до негативни ефекти врз фудбалерите.

ФЦСБ моментно е на второто место на табелата во романскиот шампионат со 59 бодови, осум помалку од актуелниот шампион Клуж.

Останува да видиме дали Бекали ќе ги спроведе своите зборови на дело.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Ти си ангел кој нѐ чува“: Елена Ристеска ѝ го честиташе роденденот на мајка ѝ со емотивна порака

Следно

Арсовска оствари средба со претставници на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите на општините

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian