Италија: Полицијата запленила имот вреден 800 милиони евра

1 min read

Италијанската полиција денеска соопшти дека запленила имот вреден повеќе од 800 милиони евра, кој им припаѓа на тројца браќа осомничени за врски со калабриската мафија Ндрангет.

-Недвижниот имот се состои од бројни компании, супермаркети, еден од најголемите трговски центри во Калабрија на југот на Италија, како и недвижен имот, вклучувајќи две луксузни вили, се наведува во соопштението на финансиската полиција.

Меѓу конфискуваните средства се тековни сметки, луксузни мотоцикли и Ферари.

Судството веќе неколку години го истражува имотот на тројцата браќа, од кои на едниот му се суди.

Станува збор за браќата Франко, Паскулино и Марчело Пери, синови на Антонио Пери, кој беше убиен во 2003 година пред еден од неговите супермаркети.

kurir.mk

Претходно

Mинистерката за култура бега од средба со Арсовска!

Следно

Три рецепти за евтин ручек за крај на месецот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian