Град Скопје со отворена покана за министерката за култура, за прашањето за Универзална сала

1 min read

Градот Скопје јавно упатува покана до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за присуство на отворена работна средба на која ќе и се презентираат факти за грешките во проектот и техничката документација за текот на работите за реконструкција на Универзалната сала.

-Министерката како застапник на овој спорен проект за реконструкција на Универзална сала веројатно не е информирана и воопшто нема познавања за состојбите. Доколку по средбата се уште смета дека стариот проект може да продолжи, да потпише изјава со која лично ќе гарантира за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзалната сала и за безбедноста на Скопјани, велат од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Утринските температури пониски, од сабота нов влажен бран

Следно

Влијателен инфлуенсер разоткриен за измама: Имал лажна престижна агенција за дизајн и „вработувал“ луѓе низ светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian