Годишно собрание на МАНУ

1 min read

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи Редовно годишно собрание кое ќе биде отворено со експозе на претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев за Академијата во 2021 и предизвиците во оваа година.

На дневен ред се Предлог-извештај за работата на МАНУ во 2021 година и Предлог-програма за работата во 2022 година поднесени од Претседателството на Академијата.

Редовното годишно собрание ќе продолжи со излагање на секретарот на МАНУ, дописен член Изет Зеќири, за финансиските планови на МАНУ за 2022 година.

Собранието ќе се одржи со почеток во 12 часот во Свечената сала на МАНУ, во согласност со препораките и мерките за спречување на коронавирусот. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Облачно време со засилен северен ветер

Следно

Димитриеска Кочоска: Власта им го поскапи животот на граѓаните, платите мора да растат за сите согласно растот на минималната плата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian