ФОТО | Најпосакуваниот ерген Милош Биковиќ ќе се жени: Избраничката е позната, датумот уште не!

2 mins read

Еден од најуспешните српски глумци, а сега и продуцент, Милош Биковиќ е еден од најпосакуваните ергени во регионот. Тој не само што започна заеднички живот со својата сакана Ивана Малиќ, тие планираат и да се венчаат – пренесоа српските медиуми.

Актерот ќе ја направи свадбата во потесниот круг на семејството и пријателите во Мокра Гора. Тој пред неколку години купи апартмани и таму ќе бидат сместени сите гости. Во рамките на луксузниот ресорт, кој во потполност е опремен од природен материјал, се наоѓа и езеро како од бајка, каде парот ќе ја круниса својата љубов.

Врската му одговара

Ивана и Милош претходно беа во Москва, а тој тековно е таму поради премиерата на неговиот нов руски филм „Сакам маж“. Истото остварување ќе има премиера во Белград, на 5 март, на фестивалот Фест. Актерот кој ужива слава во сите земји во регионот, е дел од продуцентската екипа, освен што глуми во филмот.

Датумот на венчавање уште е во тајност. Иако сите мислеа дека ќе биде уште една од низата несериозни врски, Биковиќ изненадува. Пријателите велат дека тој навистина многу се променил, и дека врската со Ивана е сериозна и планираат и семејство.

Милош е недостапен за коментар по повод информациите за можната венчавка, но и пред тоа изјавуваше дека не го коментира својот приватен живот.

Ивана и Милош првпат се појавија заедно минатата година на Светското првенство во бокс во Белград, а потоа и на премиерата на филмот „Јужен ветар: Забрзување“ во Комбанк Арената. Медиумите тогаш го поврзуваа со убавата Црногорка откако тој раскина со Русинката Арина Волошина.

Среќен 34-ти роденден! Дали го препознавате? Момчето од фотографијата денес е славен актер

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицотакис: На Европа и е потребен заеднички одговор за растот на цените на енергијата

Следно

Македонскиот јазик не се поставува како мезе на маса, тврди министерката за култура

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian