Емир Кустурица на чело на Централниот воен театар на руската армија

1 min read

Познатиот режисер Емир Кустурица објави дека ја прифатил понудата која му ја упатил рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, да застане на чело на Централниот воен театар на руската армија.

Според плановите на режисерот, во план се дел од неговите најпознати дела од филмските платна да се преселат на театарските даски.

Па така се очекува дека набрзо публиката ќе може да ужива во претставата „Животот е чудо“.

„За мене голема чест е понудата на Сергеј Шојгу да станам главен директор на Театарот. Театарската сцена на руската армија има голема историја и традиција“, рекол Кустурица.

kurir.mk

Претходно

Некогашниот симбол на културата и уметноста во Скопје – денес е целосно распаднат

Следно

Се роди девојче на 22 февруари, 2022 година, во два часот и две минути попладне

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian