Димитров: До кога ќе поставуваме директори на училишта и болници по партиска линија?

1 min read

Минатата седмица се прошири информација дека тв-презентерката Бесмира Ејупи е избрана за конзул во Њујорк, по што МНР веднаш ја смири „топката“ потенцирајќи дека Македонија веќе има конзул во овој град.

Запрашан за целата оваа конфузна ситуација, некогашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров даде дипломатски одговор за тоа.

Јас не ја гледам политиката како на ти, дај ми. Ми беше јасно и јасно е дека партиите кај нас си бараат позиции. Тоа мора да биде се помалку и помалку. До кога ќе поставуваме по партиска линија директори на училишта и болници? Треба да има надолен тренд на политички поставувања и човекот да ги исполнува критериумите, рече тој во Студио 10 на ТВ24.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За 100 денари бодрете ги кошаркарите на мечот против Грузија

Следно

Пандов: Доколку сега постои нов било каков договор со Бугарија потребно е да се има гаранции дека македонската историја, јазик и народ е вековен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian