Арсовска оствари средба со претставници на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите на општините

1 min read

Градоначалничката Арсовска денес се сретна со претставниците на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на локално ниво, Бардул Марку, Наташа Николовска Станковиќ и Гинка Капитанова, информираат од Град Скопје.

Арсовска и претставниците од СРМА разговараа за потенцијална соработка за засилување на капацитетите на градската администрација и за можностите за зголемување на фискалниот капацитет на општините.

На средбата се разговараше и за можностите за системско поврзување меѓу општините и други институции со цел размена на информации за даночните обврзници, а претставниците на проектот изразија и интерес за соработка со ЗЕЛС за учество во измените на националната регулатива, се вели во соопштението од градот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Контроверзниот Џиџи Бекали не дозволува да играат вакцинирани фудбалери

Следно

Пандов: Нормално е ние да бараме оставка од Владата кога државата не може да ги сервисира основните свои потреби кон граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian