За влакно избегната катастрофа во Белград – Авион доцна полетал од пистата

1 min read

Денеска на аеродромот „Никола Тесла“ околу 14 часот била избегната сериозна трагедија.

Имено, летот FZ1746 од Белград до Дубаи можел да биде прекинат само неколку минути по качувањето на патниците, бидејќи авионот доцна полетал од пистата. Имено, „Боингот 737-8 МАКС“ го прелетал прагот на пистата на висина од само неколку метри.

Српски Објектив пишува дека патниците не биле ни свесни дека нивните животи се во опасност, иако авионот почнал да полетува невообичаено бавно, по што прелетал покрај пистата на височина помала од 10 метри.

„Иако пилотите го пресметале полетувањето користејќи ја целата должина на пистата, која е 3.000 метри, поради некоја причина тие не полетале од нејзиниот почеток, туку од место еден километар подолу по пистата, во правец на автопатот. Трагедијата беше избегната во последен момент, бидејќи авионот едвај ја прелета заштитната ограда и требаше да заврши на делници од автопатот во близина на аеродромот“, рекол изворот, пренесув српски Курир.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Андоновска: За кои протоколи говори власта, каде можеме да ги видиме истите, тие не постојат воопшто

Следно

ВИДЕО+ФОТО | Запознајте ја Чали, двојничката на Ким Кардашијан: Дали Пит Дејвидсон може да ги разликува?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian