ВИДЕО | Тасевски за хакерските напади врз Украина: Целта беше да се направи непоправлива штета на системот

2 mins read

Украина подолг период наназад беше мета на руски хакери при што во хакерските мрежи освен владините институции беа таргетирани и приватни компании.

-Нападите на најголем дел од онлајн сервисите во Украина беа со малициозен софтвер кој има за цел да заклучи или избрише одредени фајлови и обично хакерите бараат откуп и откако ќе ја добијат бараната сума ги враќаат системите во првобитната состојба. Интересно е што при последните напади во Украина не беше побаран откуп туку евидентно беше дека целта е да се направи непоправлива штета на системот. Станува збор за строго таргетирани напади, сериозни напади, вели ИТ експертот Христијан Тасевски за Утрински брифинг.

Тој појаснува дека хакерите кои ги нападнаа онлајн системите на украинските институции се добро организирани групации со јасна цел да предизвикаат штета на инфорационите системи.

-Во хакерските напади не беа загрозени само владините сервиси, туку и други институции како пошти, банки, хотели – приватни компании кои излегуваат меѓународно. Пуштениот малициозен софвер сам се шири низ мрежите и може да има штети на поврзаните компании во други држави, значи мета не беше само во Украина, вели Тасевски.

Во однос на заштитата од хакерски напади, Тасевски вели дека нема 100 проценти заштита.

-Таа трка крадец – полицаец постојано трае. Секоја мрежа и компјутерски систем има пропусти зошто сепак ги изработува човек и тие пропусти некој друг ќе ги најде или едноставно ги знае зошто учествувал во нејзино креирање. Нема идеална заштита, вели Тасевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 22 февруари: Променете ги мислите со текот на времето за да постигнете успех

Следно

„Пристапот на ВМРО-ДПМНЕ кој нуди промени што носат иднина донесе 1.090 проекти за 100 дена“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian