ВИДЕО: Челси победува и без Лукаку, Влаховиќ стрела и во ЛШ

1 min read

Актуелниот европски шампион Челси славеше со 2:0 над Лил во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и направи голем исчекор кон пласманот во следната рунда. Во вториот натпревар во ЛШ, Душан Влаховиќ со голот во првата минута уште еднаш покажа дека Јувентус направи вистински избор со неговиот ангажман во јануари, но „старата дама“ во второто полувреме остана без победата.

Менаџерот на Челси, Томас Тухел одлучи да го истави најкапото засилување во клупската историја Ромелу Лукаку на клупата, но и без него „сините“ славеа со 2:0.
Победата на Челси ја обезбедија Каи Хаверц со голот во осмата минута и Кристијан Пулишиќ во 63. минута.

Јувентус одигра 1:1 на гостувањето кај Виљареал, а повторно блесна Душан Влаховиќ на кого му требаа само 30-тина секунди за да го постигне дебитанскиот гол во Лигата на шампионите.
Јувентус предноста ја чуваше до средината на второто полувреме, поточно до 66 минута кога Дани Парехо го совлада Војчех Шчешни и го постави конечниот резултат.
Реванш натпреварите ќе се играат за три недели во Лил, односно Торино.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пет здрави навики пред спиење: Еве што е важно да следите за добар сон

Следно

И Северна Македонија ќе учествува во санкциите против Русија, вели Османи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian