Велосипедистите прашуваат „Колку жртви се доволно?“ за надлежните да стават крај на дивеењето по улиците

1 min read

Од „На точак“ информираат дека, утре велосипедистите ќе започнат да возат во 17.30 а стартната точка ќе им биде Плоштадот Македонија.

Урбаните велосипедисти утре ќе ја возат својата „Критична маса број 89“ со која прашуваат „Колку жртви се доволно?“ за надлежните еднаш за секогаш да стават крај на дивеењето по улиците.

Ја возиме 89-тата Критична маса. Овој пат со фокус на безбедноста во сообраќајот, улиците по кои секој ден возиме и ризиците за ранливите групи на учесници во сообраќајот. Возиме низ населби низ кои не сме возеле подолго време, а кој што изгледа и самите градоначалници ги имаат заборавено – велат од „На точак“.

Велосипедистите ќе започнат да возат во 17.30 а стартната точка ќе им биде Плоштадот Македонија.

-Бараме да прават безбедни улици, кои канат пешаци и велосипедисти, а одвраќаат коли и брзо возење. Бараме казнување на прекршувачите на законите и градоначалници кои ќе изведуваат градови за луѓе, не градови за коли – децидни се од „На точак“.

kurir.mk

Претходно

Ковачевски: Граѓаните очекуваат ефикасност, Собранието да го донесе законот за минимална плата

Следно

Арсовска денеска на увид на градежнте работи на Универзална сала

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian