„Слободен печат“: Ново пакување за старите бугарски барања или формула за решение

4 mins read

Во утрешното издание на весникот „Слободен печат“ можете да прочитате:

Ново пакување за старите бугарски барања или формула за решение. За новите политички позиции на Македонија и на Бугарија ќе разговараат експертите од двете министерства за надворешни работи. Аналитичарите тврдат дека има поместување од мртвата точка, но се сомневаат дека може да биде само маска зад која се кријат старите проблеми.

На Уставниот суд му се заканува блокадаКараниците за уставните судии ќе се преселат на пленарна седница? Се планира да се свика Комисијата за избори и именувања на која ќе поминат предлозите за уставни судии на опозицијата и топката да се префрли на пратениците, каде тие нема да поминат оти мнозинство има власта.

Во „Дрисла“ ќе бидат уништени речиси 66 илјади вакцини со истечен рок. Досега ниедна вакцина против ковид 19 не била запалена во печките на депонијата. Се чека специјална комисија од Министерството за здравство и Агенцијата за лекови да направи попис. Станува збор за вакцини  претежно од донации.

Откако беа протерани од Куманово и Скопје, Голготата на „Лев Тахор“ продолжи и во Охридско. Мештаните од охридското село Горно Лакочереј бараат религиозната група од 37 луѓе која се смести во хотел, да си замине од селото. Три дена претходно, групата со полициска придружба дојде во хотелот, откако беше непожелна и во Куманово и в Скопје. Еврејската заедница бара мерки од надлежните.

Економија Граѓаните им должат 3,26 милијарди евра на банките: Помалку се чепкаат кредитните картички, повеќе се земаат станбени кредити. Најголем удел имаат потрошувачките кредити – 1,7 милијарди евра. Банкарите објаснуваат дека тие се земаат за покривање некој веќе направен трошок, за купување возило на старо или за некое реновирање по дома, но и за школување и лекување.

Свет – Путин ја призна независноста на Доњецк и Луганск и испрати воени сили: Украина во жежок мир, светот во студена војна. Западните сојузници на Украина го оценија потегот на Путин како „вовед во инвазија“ и се заканија дека во секој момент може да ги активираат најавените „тешки санкции“ за Москва

Скопје – Данела Арсовска укажува на пропусти при досегашната реконструкција: Обновата на Универзална сала не е запрена, ќе продолжи со ново техничко решение. Во однос на тоа како се трошеле 120 милиони денари донирани од Владата за реализација на проектот, Арсовска тврди дека имало непланско и несоодветно искористување на средствата.

ЕспресоСтефче Стојковски, музичар, чувар на македонските песни, ора и народни инструменти: Ми пречи што и шуто и рогато со она што вреди се става на исто рамниште. Народниот гениј е негов најголем учител. Нацио- нално музичко богатство за него се македонските песни, ората и народните изворни инструменти, но смета дека тоа воопшто не го цениме затоа што прво и основно не сме го заштитиле, ниту пак брен- дирале како македонско и единствено.

Британка развила ретка автоимуна болест. Мајка алергична на сопственото бебе. Мајката, која во текот на бременоста добила плускавци и испакнатини по целото тело, била шокирана кога открила дека е алергична на сопственото бебе.

Кој е Марко Бошњак, „чудото од дете“, кој повторно го разбранува регионот? Во музичкото шоу „Ѕвездите на Пинк“ победи на 12 години, а сега шест години подоцна се појави на престижното хрватско натпреварување „Дора“ и повторно ги воодушеви сите со својот талент.

Прочитајте и што прави Петрула Велјановска, програмски селектор на „Македокс“.

Не пропуштајте ги и другите редовни содржини – здравје, гастрономија, енигматика, огласи…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лига на нации: Бугарија во Разград ќе ја пречека Македонија

Следно

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка, сообраќајот во целосен прекин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian