Протест во Софија пред руската Амбасада

1 min read

Граѓански протест под наслов „Стоп за Путин” вечерва се одржаа пред руската Амбасада во Бугарија.

Насобраните, меѓу кои имаше и претставници на украинската дијаспора во Бугарија, го изразија своето несогласување со ставот на Русија за таканаречените Доњецка и Луганска област во источна Украина. Тие носеа украински знамиња и постери „Стоп Путин”, а палеа и свеќи.

Протестот пред руската Амбасада во Софија го обезбедуваше бугарската полиција.

Меѓу демонстрантите не беа само украински граѓани и јавни личности, туку и новинари, како и Цецка Бачкова, кандидат за лидер на Демократска Бугарија и претседателски кандидат Горан Благоев.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Не може на училиште со гол стомак и градите надвор“ – професорка од тетовската гимназија ги налути женските здруженија

Следно

Столтенберг: Русија планира голем напад

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian