„Пристапот на ВМРО-ДПМНЕ кој нуди промени што носат иднина донесе 1.090 проекти за 100 дена“

1 min read

Градоначалниците на СДСМ и ДУИ 100 дена молчат, затоа што речиси ништо не сработиле. Од друга страна и покрај бројните опструкции и долгови со кои се соочуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ реализираа 1.090 проекти, од кои изградени или реконструирани се 206 улици и патишта и над 110 водоводни и канализациони мрежи, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Ресен асфалтирани се 10-тина локални патишта и улици, во општина Могила се реализираат градежни активности на за мултифункционалниот објект во село Добрушево, општина Новаци обезбеди субвенции за набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во износ од еден милион денари буџетски средства. Општина Прилеп е во завршна фаза со поставувањето на новиот цевковод во должина од 3.000 метри, а исто така беа асфалтирани 4 улици со вкупна должина од 950 метри. Во општина Битола за еден месец да се завршија отпочнатите активности на 7 улици, со вкупна должина околу 3,5 километри, а со градежни зафати ќе биде опфатена и патната мрежа во селата Логоварди, Дихово и Брусник, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата во пристапот на власта и пристапот на ВМРО-ДПМНЕ е очигледна. ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на работа и проекти кои носат промени за подобра иднина. Овој пристап ќе ја победи неодговорноста, неработењето, недомаќинлукот и криминалот на ДУИ и СДСМ, додаваат од таму.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Тасевски за хакерските напади врз Украина: Целта беше да се направи непоправлива штета на системот

Следно

Видео: Крадец со нож нападнал вработена во скопска обложувалница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian