Капитенот Јосип Периќ беше херој на Еурофарм Пелистер во победата над Кадетен Шафхаузен од 27:26, постигнувајќи го голот во последната минута за водство од 27:25.
– Одигравме една вистинска шаховска партија. Физички, ова беше тежок натпревар. Но, мислам дека реално бевме добро подготвени и ментално и тактички. Го контролиравме натпреварот 60 минути, покажавме добар карактер. Во последните минути нашиот голман беше клучен и ни донесе поени. Демонстриравме дека сме добар тим и дека растеме од натпревар во натпревар – изјави Периќ на прес-конференцијата по натпреварот.
Со победата над Кадетен, Еурофарм Пелистер се зацврсти на второто место на табелата во групата Д со 10 десет бода, еден помалку од лидерот Ним и два повеќе од Кадетен.