Паркингот кај Клинички со децении е проблем – што предлагаат граѓаните, а што надлежните?

4 mins read

Дали и кога ќе се реши деценискиот проблем со гужвата на јавниот паркинг во Комплексот Клиники во Скопје – прашање кое со години ги мачи скопјани, но и сите кои мора да паркираат тука?!

Прометноста на граѓани и возила на оваа локација создава секојдневни нервози кај вработените и таксистите, но уште повеќе кај пациентите и нивните придружници кои мака мачат каде да го паркираат возилото додека да ги завршат обврските во болниците.

Директорот на ЈП Градски паркинг –Скопје, Бојан Христовски, вели дека, откако е на функција се превземени неколку чекори да се реши овој проблем.

Неодамна беа поставени нови информативни табли на паркингот во клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје.

-Ова што досега е превземено е со цел минимално балансирање на долгогодишниот проблем. Дополнително ќе се постават нови паркомати и ќе се овозможи безготовинско плаќање. Единствено трајно решение е создавање на многу нови паркинг места, смета Христовски за што смета дека ќе биде потребна заедничка иницијатива со град Скопје и со Клиничкиот Центар.

Со оглед дека овој проблем е комплексен бидејќи станува збор за медицински услуги, граѓаните нудат свои предлози со цел полесен и безбеден пристап до клиниките за сите посетители.

-Направете бесплатни 15 минути, ни Паркинзи ќе пропадне, а ќе решите проблем, предлага еден скопјанец. – Се додека не влезат луѓе внатре да го контролираат неправилното паркирање (од двете страни на една улица) и движењето во обратен правец нема да има ред, вели скопјанка која три децении работи на клиниките.

-Ревидирајте го списокот на картичките, ново правило за нив и магично ќе се реши проблемот, смета друг граѓанин.

-Додека не се изгради нов клинички, на постојниов треба само две Катни на 2-3 нивоа на две локации како решение. Па макар и монтажни да се, предлага една скопјанка.

Директотот на надлежното претпријатие вели дека е отворен за сите конструктивни предлози.

Откако стапи на функцијата, беа дополнително распоредени тројца вработени во ЈП Градски Паркинг – Скопје на паркинг просторот кај Клинички кои во координација со постојните вработени ги пренасочуваат граѓаните кои влегуваат на паркиралиштето за тоа каде и дали има слободни паркинг места.

Тој апелира да се користат паркоматите за плаќање, за да се избегне гужвата пред пунктовите за наплата, да се бараат фискални сметки за услугите и за сите нерегуларности корисниците да пријават.

Јавното паркиралиште „Клинички центар“ располага со 832, паркинг места, 5 паркинг места за лица со попреченост и 4 паркинг места резервирани за мајки со дете. Во моментов се издадени околу 2200 паркинг дозволи за категорија ВРАБОТЕН во правен субјект.

ЈП Градски паркинг Скопје, на јавното паркиралиште во склоп на клинички центар има поставено 2 пункта за наплата од кои едниот работи 24/7 и од него се врши мониториг на влезно-излезни терминали. Исто така претпријатието има поставено и 2 паркомати на различни локации кои се видно обележани, со упатство за користење на три јазици.

Инаку, од први март корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје, ќе плаќаат пониски цени за зонското паркирање. 

Во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час

skopjeinfo.mk

Претходно

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ПОРАДИ СНЕГ – на овој патен правец врне без престан

Следно

Зеленски: Веруваме дека нема да има голема војна против Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian