Нов круг од прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција

1 min read

Грција и Турција, денеска во Атина ќе го одржат 64-ти круг од прелиминарните контакти меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот круг разговори, во саботата го соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, а последниот состанок беше на 6 октомври 2021 година во Анкара.

Прелиминарните контакти беа активирани лани по пауза од речиси пет години, а изминатата година се одржаа три круга, два во Турција и еден во Грција.

Станува збор за неформални контакти, а не за преговори,  нема обврзувања меѓу двете страни, нема договорен записник, не присуствува трета страна и нема информирање за содржината на разговорите, додека пак целта е доколку има поклопување на ставовите во иднина евентуално би се одржале преговори.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Активни 6.318 случаи на коронавирус, вкупно починати 8.915 лица

Следно

Австралија времено ја затвори амбасадата во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian