МЗТ Скопје му врачи отказ на Дарко Радуловиќ

1 min read

Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска му беше прекината соработката со  „штрковите“.

Главна причина за ваквата одлука на управата на клубот е неосвојувањето на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, каде што бевме поразени во финалето од ТФТ (66-80).
Радуловиќ во МЗТ Скопје дојде пред почетокот на минатата сезона како помошник на Ѓорѓи Кочов, по чие заминување седна на клупата како главен тренер и на која остана до денеска.

„На Радуловиќ му заблагодаруваме на сѐ што стори за нашиот клуб и му посакуваме сѐ најдобро во понатамошната кариера“, стои на официјалната интернет страница на МЗТ Скопје.

Управата на МЗТ Скопје Аеродром веднаш тргна по потрага по наследнитекот за што ќе имадоволно време, со оглед на паузата од две недели во домашното првенство поради настапот на репрезентацијата на Македонија .

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кралицата Елизабета Втора ги откажа обврските поради симптомите на ковид

Следно

Пендаровски: Цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian