Мехмедовиќ: Трудниците да ја сфатат ситуацијата сериозно и да се вакцинираат

1 min read

Портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ, вечерва во емисијата 24 анализа рече дека Комисијата при носењето на заклучоците се водела по научно заснованите докази.

– Бремените жени како приоритет треба сериозно да ја сфатат вакцинацијата за да го заштитат своето здравје, зошто бременоста е дополнителен ризик. Релевантните институции препорачуваат да има вакцинација особено на бремените жени да се превенира нивното здравје. Треба да се минимизира разикот на работното место за бремените и да бидат максимално заштитени. Од тој аспект беше разгледувано за воведување на ваквата мерка, но тоа не е дефинитивна одлука, туку препорака до министерот за здравство. – рече Мехмедовиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радуловиќ:  Испишавме историја со момците, игравме четири финалиња и три пари го кренавме пехарот…

Следно

Андоновска до Мехмедовиќ: За кои протоколи говорите, каде можеме да ги видиме истите, тие не постојат воопшто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian