Фудбалската репрезентација на Македонија на почетокот на јуни го започнува циклусот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023.
„Црвено-жолтите“предводени од селектрот Благоја Милевски е дел од групата Ц заедно со селекциите Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Фудбалерите првиот натпревар во Лигата на нации ќе го играат на 2. јуни на гостински терен против репрезентацијата на Бугарија, на „Хувефарма“ Арена во Разград.
Пред стартот на новото издание на Лигата на нации, фудбалерите ќе го играат најважниот натпревар во историјата, на 24 март во Палермо и гостуваат на Италија во во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.
Распоред на натпревари:
2. јуни 2022 Бугарија – Македонија
5. јуни 2022 Гибралтар – Македонија
9. јуни 2022 Македонија – Грузија
12. јуни 2022 Македонија – Гибралтар
23. септември 2022 Грузија – Македонија
26. септември 2022 Македонија – Бугарија