Криптовалутите во слободен пад откако се зголемија тензиите помеѓу Русија и Украина

1 min read

Пазарот на криптовалути значително ја намали својата пазарна капитализација во изминативе 24 часа, откако се зголемија тензиите помеѓу Русија и Украина.

Во текот на вчерашниот ден имаше нагорен тренд односно можна стабилизација на крипто пазарот, но по состанокот на рускиот Совет за безбедност и последователно признавањето на независноста на двете украински сепаратистички републики, следуваше нов драстичен пад на вредноста на криптовалутите.

Капитализацијата на пазарот на криптовалути се намали за високи 6,80 проценти во изминатите 24 часа, а според податоците на веб-страницата „Coingecko” моментално изнесува 1,75 трилиони долари.

Биткоинот ја намали вредноста за 4,95% во изминатите 24 часа и моментално се тргува по цена од 37.117 долари.

Етериумот се намали за 6,39% во последните 24 часа и во моментов се тргува по цена од 2.546 долари.

Кај помалите криптовалути падот на вредноста е уште поголем и надминува 10 проценти.

kurir.mk

Претходно

Дрвото или гаражата? Некој ќе мора да оди курбан… на Рузвелтова

Следно

„Нутела“ чизкејк барови на Стефанија Несторовска: Уживајте во уникатниот вкус!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian