Ковачевски: Граѓаните очекуваат ефикасност, Собранието да го донесе законот за минимална плата

1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски ги повика пратениците што поскоро да ги донесат измените на Законот за минимална плата со кои таа се зголемува на 18.000 денари.

– Ги охрабрувам пратениците во Собранието и политичките партии да дадат поддршка и што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата. Граѓаните од нас очекуваат ефикасност и не смееме да дозволиме одложување на носењето на ова решение кое од огромно значење за работниците со ниски примања во време на криза. Ја повикувам опозицијата и нејзините пратеници да дадат поддршка на оваа верзија на законот и кончено да демонстрираме заедништво за одлуки важни за граѓаните, напиша Ковачевски на „Фејсбук”.

Ковачевски најавува дека платите и пензиите ќе растат и во иднина бидејќи, како што вели, сега е време секој денар од буџетот да се насочи како финансиска помош за граѓаните и стопанството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако имате повеќе од 60 години, избегнувајте ги овие алкохолни пијалаци

Следно

Велосипедистите прашуваат „Колку жртви се доволно?“ за надлежните да стават крај на дивеењето по улиците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian