Кошаркарите без селектор, Бајиќ позитивен на коронавирус

1 min read

Кошаркарската репрезентација на Македонија, на претстојниот квалификациски натпревар за пласман на СП против Грузија во Тбилиси, ќе биде без селекторот Драган Бајиќ кој е позитивен на коронавирус.

На задолжителното тестирање пред заминувањето за Тбилиси каде кошаркарите задутре играат против Грузија, тестот на Бајиќ бил позитивен.

Според здравствените протоколи, селекторот Бајиќ ќе мора да остане во Скопје, и нема да патува со останатиот дел од нашата репрезентативна експедиција во главниот град на Грузија.

Поради тоа, репрезентативците последниот тренинг во Скопје го работеа под палката на асистентите Александар Јончевски и Адмир Прасовиќ. Останува неизвесно дали Бајиќ ќе може да седи на клупата на вториот натпревар против Грузија кој в недела ќе се одигра во Скопје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Бојана Стаменов е преполовена: Пејачката изненади со својата трансформација

Следно

Атанасоски: Бугарија и по уставните измени може со нови уцени да ни става вета, за што е виновна ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian