Кина е загрижена поради ескалацијата на ситуацијата во Украина

1 min read

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји изрази „загриженост” поради ситуацијата во Украина во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, се вели во денешното соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи.

– Кина е загрижена поради развојот на ситуацијата во Украина и треба да се почитуваат легитимните безбедносни грижи на која било држава, нагласил Ванг за време на разговорот.

– Треба да се почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН, истакна Ванг, додавајќи дека ситуацијата во Украина е „тесно поврзана со доцнењето” во спроведувањето на договорот од Минск.

Кина ги повикуваа сите страни да „да бидат воздржани, да ја препознаат важноста од спроведувањето на принципот на неделива безбедност, да ја олеснат ситуацијата и да ги решат разликите преку дијалог и преговори”, изјави Ванг.

kurir.mk

Претходно

Арсовска денеска на увид на градежнте работи на Универзална сала

Следно

22/2/2022 се случува еднаш во животот: Кое е спиритуалното значење на овој ден?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian