Катар: Ниту еден производител не може да го замени рускиот гас во Европа на краток рок

1 min read

Ниту Катар ниту другите земји-производители немаат капацитет да го заменат рускиот гас течен природен гас (liquified natural gas – ЛНГ) доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт, предупреди денеска министерот за енергетика на Катар.

САД и европските сојузници се подготвуваат да воведат нови санкции кон Русија, кои би можеле да го вклучат рускиот гас и да го прекинат снабдувањето со енергија на Европа. Во последните недели Вашингтон ги прашуваше големите производители дали можат да го заменат рускиот гас во Европа.

-Рускиот удел во снабдувањето на Европа, мислам дека е од 30 до 40 проценти. Ниту една земја не може да замени таков волумен (гас), нема капацитет за такво нешто во ЛНГ, изјави катарскиот министер Саад ал-Кааби. гас во Доха.

– Поголемиот дел од ЛНГ е поврзан со јасни долгорочни договори и одредишта. Затоа е речиси невозможно да се замени толкаво количество (гас) за краток рок, објасни катарскиот министер.

Катар е еден од најголемите производители на течен природен гас во светот и, преку долгорочни договори, го продаде најголемиот дел од својот гас на клиенти во Азија, иако дел од него продава и во Европа.

Катарскиот министер објасни дека според склучените договори само 10 до 15 отсто од продадениот гас може да се пренасочи кон Стариот континент.

–Не станува збор дека не е договорен, прашање е дали може да се пренасочи. Поголемиот дел од гасот е поврзан со долгорочни договори, а 10 до 15 проценти веројатно би можеле да се пренасочат, рече Кааби.

kurir.mk

Претходно

Босански полицајци тргнале да апсат дилери, па се заглавиле во лифт – осомничените им побегнале

Следно

ФОТО | Весна Петрушевска сподели фотографија од синот Кирил матурант: Убавец на мајка!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian