Грчко МНР: Признавањето на Доњецк и Луганск е прекршување на меѓународното право

1 min read

Признавањето од Русија на незаконското и еднострано прогласување „независност” на сепаратистичките територии Доњецк и Луганск во Украина претставува очигледно кршење на основните принципи на меѓународното право, на територијалниот интегритет на Украина и договорите од Минск, соопштија утрово од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР потсетуваат дека Грција се залага за почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на сите држави и „ја осудува секоја одлука што е спротивна на овие основни принципи на меѓународното право”.

– Во рамки на обврските во Европската Унија и НАТО, Грција ќе се консултира и ќе се координира со своите европски партнери и сојузници во однос на одговорот на оваа одлука, соопшти грчкото МНР.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Видео: Крадец со нож нападнал вработена во скопска обложувалница

Следно

Ако имате повеќе од 60 години, избегнувајте ги овие алкохолни пијалаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian