Уна Чолиќ, ќерката на еден од најпознатите поп-пејачи на овие простор – Здравко Чолиќ, навистина знае да ужива во животот и честопати споделува фотографии од своите егзотични патувања ширум светот.
Деновиве, Уна престојува во Обединетите Арапски Емирати каде, ако може да се процени од фотографиите кои таа ги споделува на Инстаграм, навистина се забавува. Меѓу другото, младата девојка ја посетила и туристичката атракција Бурџ Халифа.
Уна го искористила ова патување и за да скокне со падобран од авион, активност која е многу популарна меѓу туристите кои го посетуваат Дубаи.
Пејачот Здравко Чолиќ долги години го чуваше својот приватен живот подалеку од јавноста, но тоа се промени кога неговата ќерка стана многу популарна на социјалните мрежи. Покрај Уна, Здравко има уште една ќерка Лара, која е пет години помлада од Уна.
ФОТО | Уна Чолиќ порасна во вистинска убавица: Привлекува повеќе внимание од Здравко